Правила и услови за користење
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие правила и услови за користење на сајтот и купување наши производи. Бидејќи со самото користење на сајтот или правење нарачка преку сајтот или преку друг начин на комуникација автоматски се сложувате со овие правила.
Сите цени во оваа интернет продавница се во денари и се конечни на денот на нарачката.
ПРИ ТЕКС ДООЕЛ не е ДДВ обврзник.
ПРИ ТЕКС ДООЕЛ го задржува правото да врши промена на цените без претходна најава.
Нарачаните производи што во моментот се на залиха ќе ви бидат испорачани во период од 5-7 работни денови, на домашна адреса или во локалната пошта. Трошоците за испорака се на товар на нарачателот, освен ако не е поинаку назначено. Производот и трошоците за испорака се плаќаат кога ќе го добиете производот на денот на нарачката.
Правењето нарачки во НАНАМ е исклучително лесно, додавате производи во кошничката, и за крај притискате на копчето за проверка каде ги пополнувате полињата, бирате начин на плаќање и испорака и за крај кликате на копчето НАПРАВЕТЕ НАРАЧКА.
Во моментов подржуваме еден начини за плаќање на нарачките – плаќање при достава со откуп.
Во продавницата од НАНАМ секој корисник кој ќе направи нарачка добива профил.
Со правењето на првата нарачка на nanam.mk автоматски ви се генерира кориснички профил, кој може да го користите за сите идни нарачки. Вие сами ги оставате личните податоци во профилот и може во секој момент да ги измените.
Во профилот може да:
-Вршите промена на вашите лични податоци
-Вршите промена на лозинката
-Видите историјат на нарачки
Со цел да избегнеме непотребно собирање на лични податоци, ја исклучивме опцијата за регистрација на профил без да се направи нарачка, и единствена опција за да имате профил на nanam.mk е преку нарачка.
Производите нарачани во оваа Интернет Продавница ќе ви бидат испорачани преку пошта или преку курирска/доставна служба.
Пресек на нарачките правиме секој работен ден во 10 часот наутро и истите ги испорачуваме истиот ден, а обично во градските средини се доставуваат наредниот ден.
Ќе ви се јават од доставната служба на телефон да се договорите околу превземањето на пратката.
Нарачаните производи ќе ви бидат испорачани во период од 5 -7 работни денови од денот на нарачувањето во зависност од вашата локација. Ако производот не може да ви биде испорачан, ќе бидете контактирани со употреба на податоците кои сте ги специфицирале во нарачката.
Производите може да ги платите при приемот на домашна адреса.
Можно е пред испорака нарачките да се потврдуваат телефонски, императивно е со нарачката да оставите телефон на кој ќе бидете достапни, а откога ќе ви ја испратиме нарачката, на истиот телефон ќе ве побара и курирот (кога нарачката ќе пристигне во вашиот регион) за да се договорите околу превземањето на истата.
Производот можете да го вратите неоштетен, неупотребуван во неоштетено оригинално пакување во рок од 7 дена од денот на преземањето. Потребно е претходно да не контактирате на тел 070 449 379 за да го најавите враќањето на производот.
Поштарината за враќање на производ е на сметка на клиентот.
Парите ги враќаме преку курирска/доставна служба.
Доколку со производот сте платиле и поштарина, ве информираме дека поштарината не подлежи под поврат на средства и не може да се вратат парите за истата. Поштарината е искористена и платена услуга за која пари не се враќаат.